„When in Krusevo“ од 21 до 23 јуни

Фестивалот „When in Krusevo“ ќе се оддржи од 21 до 23 јуни. Бројот на посетители во изминатите години се проценува дека е над 3. 000, а годинава се очекува оваа бројка да биде надмината.

„When in Krusevo“ како концепт и идеа е одличен пример за настан кој ја промовира земјата како атрактивна дестинација, како за странските така и за домашните туристи. Во рангот на спортските активности агендата предвидува планинарење, јога, кајакарење, јавање коњи, додека музичката програма предвидува одлична агенда со бендови и изведувачи од земјава и регионот. Воедно, овој настан ќе ја сврти македонската публика кон сопствените неистражени богатства и ќе понуди свеж пристап кон социјалниот живот.

Основната мисија на тридневниот фестивал, организиран од здружението на граѓани „Outdoor Manifest“, е промоција на капацитетите за алтернативен туризам на градот и околината, преку организирање на повеќе групни и индивидуални спортски, адреналински и рекреативни активности.

Картата за трите дена е 500 денари и со неа посетителите добиваат камп простор, право на учество на планинарски или велосипедски тури, заеднички ручек, влезници за музеи и гратис маичка.

За оние кои не се љубители на кампингот им се нуди можност да престојуваат во некој од сместувачките капацитети во Крушево кои за време на оваа манифестација им нудат попуст на гостите.

Треба да знаете
Последни објави