Бројот на загинати во двата силни земјотреси во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите успеале некои од преживеаните да ги извадат од урнатините, објавија тамошните медиуми.
https://twitter.com/Felix88263234/status/1140668117607047174
Југозападната кинеска провинција Сечуан ја погодија два земјотреси кои се случија едно по друга во период од половина час, а потресите се почувствуваа во клучните градови во регионот, вклучително и во главниот град на провинцијата Ченгду.
Според Американскиот геолошки институт, по земјотресот со јачина од 5,9 степени, следел помал со јачина од 5.2, и двата на длабочина од десет километри и со епицентар во близина на округот Чанинг.