Владата на Романија преживеа гласање за недоверба

Романскиот Парламент отфрли денеска во гласање недоверба за владата на премиерката Виорика Данчила поднесено од неколку опозициски партии.

„За” недоверба на владата гласаа 200 пратеници, а беа потребни 233. Седуммина народни избраници гласаа „против” и тројца беа „воздржани”.

-Гласањето за недоверба не ги собра потребните гласови, за да биде прифатено, изјави претседателот на парламентот Марчел Чолаку од владејачката Социјалистичка партија.

Треба да знаете
Последни објави