Двајца тешко повредени откако паднале возејќи се на мотор во Велес

Две лица се повредени откако паднале возејќи се на мотор во Велес. Како што информира олицијата, вчера во 17.20 часот на улица „Костурска“ во Велес, Љ.Н.(36) од Велес управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата, моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатничката М.Р.(22) од Велес се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави