– Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека официјален Берлин сериозно ги сфаќа новите информации кои САД ги објавија за наводната одговорност на Иран за нападот врз нафтените танкери во Персискиот Залив.
– Има многу докази, но тоа нема да ме спречи да кажам дека мораме да направиме се што е можно за да ја решиме конфликтната ситуација со Иран на мирен начин, изјави Меркел.
Таа додаде дека Германија е во контакт со САД, но и оти официјален Берлин ќе нарави се што може за да не дојде до ескалација.
Меркел истакна дека Германија сака да го почитува Нуклеарниот договор со Иран од 2015 година и оти ќе биде последица ако тој не се испочитува.
САД го обвинија Иран дека стојат зад минатонеделните напади врз нафтени танкери во Персискиот Залив.