Амбасадорот Филипов назначен за координатор на експертската група за трговски марки

Амбасадорот Ѓорѓи Филипов ќе биде координатор на Меѓународната група на експерти од Република Северна Македонија за трговски марки, и имињата и другите облици на интелектуалната сопственост, кои со колегите од Грција ќе работат за постигнување на взаемно прифатливи решенија за овие прашања, согласно обврските од Договорот  од Преспа, потпишан на 17 јуни 2018 година.

Филипов е назначен за координатор на денешната 140-та редовна седница на Владата.

Треба да знаете
Последни објави