Борусија го продолжи договорот со Фавр

Борусија Дортмунд потпиша нов дво-годишен договор со тренерот Лусиен Фавр. Договорот на 61-годишниот стратег е до јуни 2021 година.

Швајцарецот го презеде тимот минатото лето и го однесе на второ место во пласманот. Под негово водство, за прв пат по години, Борусија имаше шанса да ја освои титулата и до последно водеше битка со Баерн за првото место.

– Со нетрпение очекувам да продолжам со конструктивна и успешна работа со клубот, рече Фавр по продолжувањето на договорот.

Извршниот директор на тимот од Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке рече дека тренерот на 100% ги оправдал очекувањата.

– Лусиен создаде јасни структури и ги разви нашите играчи, додаде тој.

Раководството на Борусија го поддржа менторот и на трансфер пазарот, со тоа што клубот веќе ги привлече Нико Шулц, Торган Азар и Џулијан Брант.

Треба да знаете
Последни објави