Основачот и директор на Хуавеј, Рен Женгфеи потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат за 30 милијарди долари помали отколку што е планирано за наредните две години, споредувајќи ја компанијата со тешко оштетен авион, како последица на активностите на американската администрација.
,,Никогаш не мислевме дека САД ќе бидат толку одлучни и цврсти за да го нападнат Хуавеј”, рече тој.
Во 2018, Хуавеј продал вкупно 206 милиони смартфони, половината во странство, а останатото во Кина.
Кинескиот телекомуникациски гигант се соочува со длабока криза по заканите од САД дека ќе го стават на црна листа.