Кијану Ривс не ги допира жените со кои се фотографира

Фановите на холивудската ѕвезда Кијану Ривс (54) забележаа дека има чудна навика. Актерот никогаш не ги допира обожавателките со кои позира. За време на фотографирањето, Кијану ги држи рацете на пристојна оддалеченост од нивното тело.

По необичната навика што ја забележаа,  обожавателите почнаа да го фалат дека е пристоен и убаво воспитан нарекувајќи го вистински џентлмен.

Други, пак, се убедени дека актерот намерно не ги допира луѓето при фотографирањето за да ги избегне обвинувањата и критиките за непримерно однесување и сексистички и феминистички коментари.

Неговите фотографии беа објавени на фејсбук-страницата „Unprofessional Madman“, и на секоја од нив актерот позира со друга жена. Повеќето луѓе очекуваат Ривс да ги прегрне или да ги стави рацете на нивните рамења, но тоа не се случи. Сликите ги споделија повеќе од 40.000 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави