Советот на општина Атина на специјална седница реши да ја следи истата одлука како и за локалните и европските избори и да не отстапи јавни простори за предизборна кампања на Златна зора, јави дописничката на МИА од Атина.
Атинскиот градоначалник Јоргос Бруљас во неговото обраќање на состанокот рече дека општината има конкретни одговорности кон градот, кон околината и кон граѓаните.