Со возило повредил полицаец кој се обидел да го запре во Скопје

Со возило повредил полицаец кој се обидел да го запре во Скопје

На ул.„515“ во Скопје утринава десет минути по полноќ , патничко возило „Опел Вектра“ удрило во полициски службеник, во пределот на ногата, кој преземал службени дејствија, односно дал знак за запирање на возилото.

Веднаш се преземени соодветни мерки и возилото било пронајдено на ул.„512“. Во возилото била пронајдена марихуана, два мобилни телефони и алкохолни пијалоци. Утврдено е дека возилото е сопственост на З.Н.(60) од село Желино, тетовско. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави