(Видео) Магаре спасено од пуст остров кај Шибеник

Магаре кое било оставено на ненаселен остров во архипелагот Шибеник го спасил морнар кој со својот брод го превезол до островот Каприје, каде што ќе биде неговиот нов дом. Хрватските медуми опширно ја пренесуваат приказната за спасувањето на магарето, за кое е нејасно кој и зошто го оставил на остворот на кој нема ниту еден жител.

Станува збор за ненаселениот остров Раван во близина на Шибеник, каде магарето го забележал случаен минувач и го фотографирал.

За случајот биле известени медиумите, кои пак ги алармирале надлежните служби. Но, ниту полицијата, ниту редарските служби не излегле на терен, прогласувајќи се дека немаат надлежност на интервенираат на островот. Во пресрет не излегла ниту ветеринарната служба, која тврдела дека не оди на терен, ниту пак има брод за да го превезе магарето.

Приказната добила среќен крај кога Бернард Рока со својот брод и со помош на пријателите се упатил кон пустиот остров за да го спаси магарето.

,,Беше преплашено, но одеше по нас. Го донесовме на островот Каприје. Тука ќе остане со нас, децата ќе играат со него, ќе го храниме и чуваме”, вели Рока.

Треба да знаете
Последни објави