(Видео) Мотоцикл од конвојот на принц Вилијам удрил во старица

Стара жена на возраст од 83 години е хоспитализирана во критична состојба, со напукната карлица и неколку други повреди по судир со мотоциклист од полицискот конвој за принц Вилијам и Кејт Мидлтон, додека двојката патувала на церемонија во Виндзор.

Сведоците велат дека 83-годишната Ајрин Мејор била прегазена од полициски мотоцикл од конвојот.

„Ја удри со својот мотоцикл и таа падна на земја. Полицаецот беше очаен. Но, тој беше на погрешната страна на патот. Ситуацијата можеше да биде многу полоша“, изјавил очевидец.

Како што пренесе „Дејли Мејл“, Кејт и Вилијам не ја виделе несреќата и минале низ Ричмонд по стандардниот полициски протокол кој важи за кралскиот конвој во случај на незгода.

Кралскиот портпарол потоа излезе со изјава во врска со несреќата и истакна дека двојката е длабоко загрижена и тажна поради немилиот настан и дека е остварен директен контакт со семејството на настраданата старица. Тие испратиле и цвеќиња во болницата каде таа е хоспитализирана, а најавиле дека се подготвени и да ја посетат кога докторите ќе го дозволат тоа.

Мејор е вдовица која пензионерските денови ги посветила на волонтерска работа во локалната црква.

Несреќата ќе биде испитана од страна на Независната полициска канцеларија.

Треба да знаете
Последни објави