Во Индија расте бројот на деца починати од воспаление на мозокот

Уште шест деца починаа во индиската држава Бихар од воспаление на мозокот (енцефалитис), па бројот на починати од оваа болест во детска возраст достигна 112 овој месец, објави индиската влада во здравствен билтен.

Владата вели дека уште 170 деца се лекуваат во болниците во градот Мусафарпур. Повеќе од 500 случаи на енцефалитис се пријавени од почетокот на јуни.

Децата се особено подложни на оваа болест, која може да предизвика оток на мозокот, треска и повраќање.

Илјадници Индијци страдаат од енцефалитис, маларија, тифоид и други болести пренесени од комарци секоја година во текот на летната сезона на монсуните.

Медицинските експерти велат дека индиските власти сè уште не се подготвени за овие годишни циклуси на болести што доведуваат и до смртни исходи.

Треба да знаете
Последни објави