Во рација во Русија уапсени финансиери на Исламска држава

Во голема полициска акција досега се уапсени две лица во Русија поради финансирање на Исламска држава, соопшти рускиот истражен комитет.

Претреси биле извршени во Москва, пошороката московска област, Краснојарскиот регион, Астраханската област, Ставрополскиот регион и Дагестан.

Истрагата покажала дека од 2014 до 2017 година руски граѓани ја финансирале Исламска држава.

Жителите на Дагестан во неколку региони организирака собирање на пари преку платежни системи и банкарски картички, како и трансфер на средства на сириска територија контролирана од екстремиститре.

Според истражниот комитет, притоа биле собрани околу 8 милиони рубљи, што е околу 111.700 евра, од 200 луѓе од повеќе федерални окрузи во Русија.

Двете лица кои се уапсени биле пронајдени во московскиот регион, објави „Спутник“.

Треба да знаете
Последни објави