Европскиот суд пресуди дека знакот на „Адидас“ не е карактеристичен

Општиот суд на ЕУ во Луксембург пресуди против германската компанија за производство на спортска опрема „Адидас” во спорот со Канцеларијата на ЕУ за заштита на интелектуалната сопственост, која одби да го регистрира логото на компанијата.

Судот пресуди дека „Адидас“ не може да докаже дека нивните три познати линии заслужуваат да бидат заштитен знак во ЕУ, објави АП.

Од „Адидас“ рекоа дека се разочарани од одлуката и ќе размислат кој ќе биде нивниот следен чекор.

Треба да знаете
Последни објави