Македонски камионџија загина во Србија

Македонски државјанин, возач на камион загина ноќеска околу 3:30 часот во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Ниш – Белград, во близината на Нови Врачин.

Несреќата се случила кога камионот со кој управувал македонскиот возач, удрил во два други камиони кои биле паркирани на третата лента. Повредени се исто така и двајцата возачи на другите камиони.

 

Треба да знаете
Последни објави