Мигрант повреден од струен удар додека се качувал на воз во Миравци

На 19.06.2019 година во 00.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во товарен воз на железничката станица во Миравци се наоѓале мигранти. Полициски службеници излегле на местото и утврдиле дека се работи за околу 20 мигранти од Пакистан, Авганистан и Иран, при што ги симнале од возот.

Откако тргнал возот, двајца од мигрантите повторно се качиле по што S.A(21) од Пакистан се доближил до електричниот вод и се здобил повреди од струен удар.

Со возило на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави