Општина Аеродром ја известува јавноста дека врз основа на јавниот интерес и принципите за рационалност и економичност ќе го преиспита сукцесивниот Договор со приватна маркетинг-агенција.
„Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации“, се навадува во соопштението од општината.
Како што велат од таму, тоа значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет во јавните комуникации преку отворено, транспарентно, објективно и релевантно комуницирање со граѓаните.
Информираат и дека граѓаните ќе бидат известени за одлуката и за натамошното постапување.