Охридските волонтери на Црвениот крст со награда за најдобри промотори на хумани вредности во 2019

Општинската организација на Црвениот крст од Охрид е добитник на највисоката награда во рамки на програмата Промоција на хумани вредности за 2019 година.

Станува збор за активност што две децении се имплементира во државава, со цел вклучување на младите во заеднички проекти за изградба на взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество.

Од вкупно изработени 150 проекти од страна на организациите на Црвниот крст во целата држава, најбројни, најуспешни и највисоко оценети се шесте проекти што ги изработија четириесеттина млади волонтери од Црвниот крст од Охрид, со кои им помогнаа на повеќе од 100 лица од ранливите категории граѓани во градот и околината.

Наградата за 2019 година ќе биде доделена на свеченост што ќе се одржи утре на пладне во Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид. На церемонијата е најавено присуство на раководството на македонскиот Црвен крст, на општински организации од државата, претставници на општина Охрид и други гости.

Треба да знаете
Последни објави