Пандев на 35 години го продолжи договорот со Џенов

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, потпиша нов договор со Џенова, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Триесет и петгодишниот Пандев ќе игра уште една сезона за калчолигашот по што ќе ја заврши кариерата.

Во сезоната што заврши, македонскиот фудбалер настапи на 28 натпревари за Џенова во сите натпреварувања, постигна четири погодоци и оствари три асистенции.

На Пандев следната сезона ќе му биде 18-та во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави