Марјан Србиновски, актуелниот тренер на Гостивар и некогашниот македонски селектор е опериран и се чувствува добро, се наоѓа во стабилна состојба, со повреди на пршлен на рбетниот столб и неколку ребра, открива порталот „basketball.mk“.
Србиновски вчера заработи тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Гостивар – Тетово. Тој со своето возило излетал од патот и удрил во бандера.
На адресата на Србиновски постојано стигаат пораки со поддршка, денеска на својата официјална страница се огласи и Гостивар.