„Тајмс”: Џереми Корбин ќе поддржи нов референдум за Брегзит

Британскиот опозициски лидер Џереми Корбин ќе изврши денеска измена во политиката на својата Лабуристичка партија за Брегзит и ќе поддржи организирање на нов референдум за членство на земјата во ЕУ при секакви околности, пишува весникот „Тајмс”.

Лабуристичката партија, која на европските избори слично како и конзервативците доживеа намалување на поддршката од граѓаните поради незадоволството од безизлезноста околу Брегзит, е поларизирана по прашањето дали да поддржи организирање на нов референдум.

Корбин засега изјавил единствено дека можноста за нов референдум за Брегзит треба да биде ставена на маса заедно со таа за нови парламентарни избори.

Треба да знаете
Последни објави