Тројца Руси и Украинец обвинети за уривање на малезијскиот авион над Украина

Тројца Руси и еден Украинец се обвинети за убиство поради уривањето на авионот на „Малезиан  еирлајнс“ во источна Украина во 2014 година, кога загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Холандските истражувачи обвинија тројца Руси – Игор Гиркин, Сергеј Дубински и Олео Пулатов  и украинецот Леонид Харченко за вмешаност во уривање на авионот, се наведува во извештајот на Би-Би-Си.

За четворица се издадени меѓународни потерници за апсење, а судењето е закажано за 9 март 2020 година.

Патничкиот лет MХ17 беше на пат од Амстердам до Куала Лумпур кога беше соборен над источна Украина на 17 јули 2014 година.

Заедничкиот истражувачки тим предводен од Холандија наведува дека се претпоставува дека четворицата го транспортирале ракетниот систем “Бук” со кој бил погоден авионот.

Тимот претходно кажа дека имале “долга листа” на лица од интерес и побара сите сведоци да се пријават, бидејќи истрагата продолжила.

Треба да знаете
Последни објави