Рускиот ракометар, Павел Атман, кој пред неколку сезони успешно настапуваше за скопски „Металург“ е на добар пат да се врати во Скопје, откако доби раскин на договорот со Хановер.
Иако има понуда од неколку екипи се чини дека би можел да биде играчот кој ќе го облече дресот на Вардар и кој во новата сезона би бил замена за Игор Карачиќ на позицијата среден бек. Воедно се работи и за играч кој може да помогне на позицијата лев бек со што комплетно би го заменил играчот од Хрватска кој замина за Полска.
Се очекува во брзо време да има и многу повеќе информации, но сите работи водат кон тоа, Павел Атман да го облече „црвено-црниот“ дрес.