(Видео) Мексиканскиот вулкан Попокатепетл исфрла големи облаци на чад кон небото

Хипнотизирачки снимки од авион ја прикажуваат ерупцијата на вулканот Попокатепетл, која започна во понеделникот во државите Пуебла и Морелос во централниот дел на Мексико, пренесува „Спутник“.

Вулканот Попокатепетл во Мексико еруптираше рано во понеделникот, испраќајќи облак од пепел, гас и чад до 4.000 метри височина кон небото. Вулканот последен пат експлодира во март оваа година.

Корисникот на „Твитер“, Оскар Тринидад Доце, го објави видеото за овој спектакуларен феномен додека летал од Веракруз. Во меѓувреме, властите на Мексико за цивилна заштита, исто така, објавија драматичен клип кој ја покажува експлозија на вулканот.

Embedded video

Треба да знаете
Последни објави