Во „Орце“ нема да има дополнителна паралелка, ќе се полагаат квалификациски испити

Во скопската гимназија „Орце Николов“ пристигнало официјално известување од Министерството за образование и наука дека нема да се формира дополнителна десетта паралелка во прва година во учебната 2019/2020 година, дознава „Факултети“.
Сите пријавени ученици со просек 5.00 во петок (21 јуни) ќе полагаат квалификациони испити по предметите македонски јазик и математика, изјави за Факултети.мк Митко Димовски, директор на средното училиште.
Проблемот се случи кога за 285 слободни места стигнале 311 пријави на ученици со просек 5.00.
– На прелиминарната листа пишува. Во оваа фаза примени се само 35 ученици кои доставија дипломи за награди и признанија од учества на домашни и меѓународни натпревари. Со тоа веќе имаат повеќе бодови. Само тие нема да ги полагаат тестовите. Сите други ќе се борат за останатите 250 места – вели Димовски.
Треба да знаете
Последни објави