Нема да се воведуваат патарини во Германија

Европскиот суд на правдата пресуди против воведувањето на патарини на германските автопати, бидејќи товарот би паднал исклучиво на странците.

Како што е објаснето, тоа не е во согласност со антидискиминационите закони на ЕУ. На тој начин судот во Луксембурт застана на страната на Австрија која со поддршка на Холандија побара да се преиспита дали евентуалната одлука на Германија за воведување на патарини би била во согласност со европските договори.

До ваквата одлука на судот дојде иако на почетокот на февруари државниот правобранител на судот на ЕУ во својата експертиза навел дека не се сомнева во исправноста на одлуката за воведување патарини.

Треба да знаете
Последни објави