Криминалната банда од СДСМ и аболицираниот Заев по кој знае кој пат ги излажаа македонските граѓани. Ветувањето од поврат на ДДВ во вредност од 500 евра на годишно ниво, кое според Заев граѓаните можеа да го искористат за да отидат на летен одмор се испостави како уште една негова ноторна лага, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„За да добијат поврат на ДДВ од 500 евра граѓаните ќе треба да платат ДДВ од над 200 илјади денари, односно граѓаните треба да потрошат повеќе од 25 илјади евра годишно само за да го добијат повратот на ДДВ кој го ветуваше СДСМ во предизборната кампања во 2016-та година. Имајќи во предвид дека во Македонија речиси 500 илјади граѓани денот го поминуваат со еден оброк на ден и живеат на работ на сиромаштијата, тоа значи дека голем дел од македонските граѓаните нема да видат никакво фајде од оваа „мерка“ на Зоран Заев.
Трагично е што речиси 70 проценти од граѓаните на Република Македонија земаат плата помала од просечната што значи дека тие никогаш нема да можат да си дозволат да ги потрошат овие средства за да го добијат сумата од повратот на ДДВ која ја вети Заев.
Зоран Заев донесе уште една мерка во полза на богатите. Оние кои имаат повеќе пари и трошат повеќе, од државата ќе добиваат назад поголема сума и поголем износ, а оние кои едвај преживуваат со минимална плата, во пракса нема да добијат ништо, исто како што нема да добијат ништо пензионерите и останатите кои немаат смарт телефони.
Време е да се стави крај на лажните ветувања и изневерените очекувања на граѓаните на Република Македонија. Време е да се стави крај на погубните економски политики. Крајно време е аболицираниот Заев и неговата криминална банда да си заминат, и на чело на државата да застанат луѓе со визија, идеја и реални проекти, ВМРО-ДПМНЕ ќе врати државата на вистинскиот пат, патот на економски просперитет“ соопшти партијата.