Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривичнa пријавa против С.Т. (33) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Во петокот на булеварот Србија, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Опел астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамини.