Иран тврди дека урнал американско беспилотно летало

Иранската елитна револуционерна гарда уништила американски шпионски дрон во јужната провинција Хомозган, објави интернет страницата „Сефах њуз“.

„Леталото било уништено кога навлегло во иранскиот воздушен простор во областа Коумобарак на југот од земјата“, се додава во извештајот.

Тензијата меѓу Иран и САД се заостри од минатата година откако претседателот Доналд Трамп го напушти нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили и ги обнови санкциите за земјата, обидувајќи се да го сведе на нула иранскиот извоз на нафта.

Соединетите држави го засилија своето воено присуство на Блискиот Исток со распоредување на носачот на авиони „Абрахам Линколн“, бомбардери и ракетни системи од типот „Патриот“.

Треба да знаете
Последни објави