Аргентина одигра само 1:1 против Парагвај во својот втор меч на Копа Америка, откако спасуваше реми со гол од пенал на Лионел Меси во второто полувреме, по што се блиску до испаѓање уште во групната фаза.
Парагавај дојде во водство во Бело Хоризонте со голот на Рикард Санчез, пред Меси да биде прецизен од белата точка во 57. минута од мечот. Аргентинскиот голман Франко Армани потоа мораше да биде на висината на задачата, откако го одбрани пеналот на Дерлис Гонзалез само три минути подоцна.
Аргентина останува на последното место на табелата во групата Б со само еден поен, откако Колумбија со 1:0 го совлада Катар и е убедливо на првото место на табелата. Овој резултат значи дека Аргентина никогаш нема загубено на Копа Америка од Парагвај (19-6-0), но исто така дека победа во последниот меч против Катар може да не биде доволна за пласман понатаму со едно од првите две места на табелата, иако може да одат понатаму како еден од двата најдобро третопласирани тимови.
КОПА АМЕРИКА, ГРУПА Б
Аргентина – Парагвај 1:1
Колумбија – Катар 1:0
Табела: 1.Колумбија 6, 2.Парагвај 2, 3.Катар 1, 4.Аргентина 1