Русија смета дека е интересен и продуктивен предлогот на Иран за земјите од Персискиот залив да потпишат пакт за ненапаѓање, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков за ТАСС.
„Со интерес го разгледавме неодамнешниот предлог на иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, земјите од Персискиот залив да потпишат пакт за ненапаѓање, што е, исто така, продуктивна идеја”, рече Рјабков.
Зариф претходно изјави дека Техеран се обидува да воспостави избалансирани односи со земјите од Персискиот Залив и дека е подготвен да потпише пакт за ненапаѓање со нив.