Забележан е сајбер-напад на кол-центарот „Директна линија“ со Путин. Нападот беше одбиен. Затоа имаше проблеми со повиците.
Ова го соопшти водителката за време на емитувањето во живо.
„Колеги, нашиот кол-центар беше цел на сајбер-напади од странство. Проблемите со видеоповиците се чини дека се поврзани со ова. Сепак, успеавме да ги одбиеме. Центарот продолжува да работи, ние продолжуваме да примаме повици”, рече водителката.
Околу 11 часот, Путин почна да одговара на прашањето на руските граѓани.
Традиционалната „Директна линија” се одржува по 17-ти пат. На адресата на Кремљ стигнаа повеќе од еден милион прашања од областа на здравството, образованието, надворешната политика, социјалната сфера.