Еден од најдобрите играчи во тимот на Вардар во минатата шампионска сезона, Сташ Скубе, во следната година ќе биде дел од македонскиот тим. Тоа беше одамна јасно, но најверојатно ќе остане во Скопје и по 2020 година. Разговорите со францускиот ПСЖ завршија безуспешно и наместо фотографија со дрес, Скубе се врати дома, без договорен трансфер.
-Немам многу што да коментирам за ПСЖ. Работата беше договорена, но во последен момент се случи проблем за кој не би сакал да го спомнам“, вели Скубе.
Словенечкиот среден бек открива дека ситуацијата во Вардар е добра и дека планира да остане во Скопје уште долго време.
-Засега ситуацијата во Вардар е добра и доколку остане така, се гледам во Скопје уште долго време. По освојувањето на европската титула се променија многу работи и се чини дека Вардар ќе остане силен и во наредните сезони, заврши Скубе во изјавата за словенечките медиуми.