Најмалку 20 луѓе загинаа кога автобус се преврте во бездна во северна Индија, соопшти полицијата.
Несреќата се случила недалеку од градот Кулу во индиската спјузна држава Химачал Прадеш, пренесе АП.
Причината за несреќата се уште се утврдува, а во тек е спасувачка операција.
Во Индија секоја година околу 150.000 луѓе ги губат своите животи на патиштата, кои се слабо одржувани, а возилата најчесто се пренатрупани со луѓе.