ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека граѓаните ќе добијат по 30.000 денари поврат на ДДВ

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира на соопштението на СДСМ дека поврат на 15 отсто од ДДВ е плата плус во секое семејство на крајот од годината.

„Животот кој што го ветуваше СДСМ дојде само за Зоран Заев и криминалната банда околу него. Откако тие ја преземаа власта над 500.000 граѓани во државата живеат под прагот на сиромаштија.

Мерката поврат на 15 отсто ДДВ  којшто го најавуваше СДСМ  е уште само една од нивните лаги со коишто се служат секојдневно. Граѓаните нема да добијат по 30 000 денари поврат на ДДВ на крај на годината. За да се добие толкав поврат како што ветува СДСМ граѓаните ќе треба да исплатат ДДВ над 200 000 денари на  годишно ниво, односно да купат стоки во вредност од околу 25.000 евра од кои добар дел  се со повластена стапка на ДДВ од 5% како што е храната и средствата за хигиена .Ова значи дека семејство со две плати од по 1.000 евра не може да си дозволи толкав трошок.

Ако се земе фактот дека 70% од граѓаните земаат плата помала од просечната тоа значи дека оваа мерка на власта нема да значи ништо за граѓаните во Република Македонија.

Овој потег на СДСМ дополнително ќе го загрози полнењето на буџетот и потоа ќе има контра ефект врз исплатата на платите и придонесите на администрацијата и пензионерите.

Граѓаните со СДСМ имаат се поголеми трошоци. Доколку СДСМ водеше грижа за граѓаните немаше да ја покачи акцизата на горивото, даноците, патарините, немаше да ги ограбува дополнително со наместени тендери, грантови и вработување на лица блиски до власта.

Време е оваа влада да си замине во историја. Доаѓа време на нова Влада со реални проекти за граѓаните на Република Македонија и економски прогрес која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

 

Треба да знаете
Последни објави