Шефот на иранската елитна Револуционерна гарда (ИРГЦ) вели дека соборувањето на американското беспилотно летало над иранска територија е јасна порака до Вашингтон, докажувајќи дека Техеран ќе реагира жестоко на секоја воена агресија, пренесува РТ.
Само неколку часа претходно, Иран потврди дека соборил американски шпионски дрон RQ-4 над провинцијата Ормозган. Фотографии од навпдниот напад подоцна беа објавени на интернет, покажувајќикако запаленото летало паѓа од небото.
„Соборувањето на американскоот беспилотно летало беше јасна порака до Америка”, изјави за локалните медиуми командантот на ИРГЦ, Хосеин Салами.
Тој додаде дека секој напад врз границите на Иран ќе се смета за преминување на „црвената линија” и дека ќе се соочи со силен отпор.
Коментарите на Салами беа потврдени од страна на иранското Министерство за надворешни работи, кое се вели дека на секоја повреда на иранските граници ќе се одговори соодветно.
Неименувани извори од американската морнарица изјавија за „Ројтерс“ дека над меѓународните води била соборена поморската верзија на „Глобал хок“ – MQ-4C Triton.
Ова е последниот инцидент што дополнителни ги зголеми тензиите меѓу САД и Иран во последниве неколку месеци. Претходно, Вашингтон го обвини Иран за нападот на два танкери за нафта во Оманскиот Залив.