Мексико го ратификува новиот Договор за слободна трговија со Канада и САД

Мексико го ратификува новиот Договор за слободна трговија со Канада и СAД, станувајќи првата земја која даде зелено светло за тој договор и покрај неодамнешните тензии со Вашингтон.

Договорот го одобри Мексиканскиот Сенат со 114 гласови „за” и четири „против”.

-Мексико испраќа јасна порака за отворена економија и длабока економска интеграција во регионот, соопшти мексиканското Министерство за економија.

Новиот трговски договор треба да биде одобрен од Парламентите во САД, Канада и Мексико, за да може да влезе во сила.

Треба да знаете
Последни објави