После бројните шпекулации околу тоа кој ќе го наследи Гатузо на тренерската позиција во Милан, сега стана конечно јасно – тоа е Марко Џампаоло.
Милан синоќа и официјално го потврди ангажманот на сега веќе поранешниот тренер на Сампдорија.
Марко Џампаоло потпиша договор со Милан до 2021-ва година, а исто така има можност договорот да биде продолжен на уште една дополнителна година.
51-годишниот Џампаоло својата кариера ја започна како помошник во Пескара во сезоната 2000/2001, а првиот тренерски ангажман го доби во Асколи во 2004-та година. Потоа беше тренер на Каљари, Сиена, Катанија, Чезена, Бреша, Кремонезе, Емполи и Сампдорија.
Инаку, Сампдорија минатата сезона под водство на Џампаоло заврши на деветото место на табелата во Серија А.