Во конструктивна клима во Анкара заврши вториот круг средби во рамки на мерките за градење доверба меѓу претставниците на Грција и Турција, соопштија од грчкото Министерство за одбрана, јави дописничката на МИА од Атина.
Разговорите на двете делегации се фокусирале на активностите во рамки на мерките за градење доверба на техничко ниво „за превенција и избегнување неоправдани жаришта на тензија за време на одржувањето на воени активности”.
Шефовите на грчката делегација во рамки на протоколарната посета биле примени од министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар.