Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против С.С.(44) од Скопје за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и Ш.С.(37) од Скопје за сторено кривично дело ,,прикривање“.
На 09.05.2019 во Скопје на улица „18“, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на првопријавениот, второпријавениот Ш.С. од терасата фрлил пиштол ,,WALTHER PP Super“ калибар 9×18 мм и кутија со 49 куршуми калибар 9 мм, кои првопријавениот ги поседувал без соодветна дозвола.