Приведени двајца скопски дилери на марихуна

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија до Основното јавно обвинителство Скопје  поднесе кривичнa пријавa против М.Д.(39) и И.К.(35), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 17.06.2019 година, врз основа на судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај М.Д., при што била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден околу 21 часот на ул.„Ѓорѓи Капчев“ полициски службеници извршиле претрес кај И.К., при што пронашле и одзеле марихуана и други предмети. Двајцата пријавени се приведени во полициска станица.

Треба да знаете
Последни објави