Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги предупреди САД да не употребуваат сила против Иран, затоа што „тоа би имало катастрофални последици”.
– Американски воени акции против Иран, во најмала рака, би биле катастрофа за регионот, рече Путин и додаде дека тоа би предизвикало ескалација на непријателствата со непредвидливи резултати.
Путин истакна дека Иран ги почитува условите од нуклеарниот договор и покрај повлекувањето на САД, и смета дека санкциите на САД против Иран се неосновани.
Путин ова го рече на традиционалната годишна емисија во живо „Директна линија”,кој траеше 4 часа и 17 минути и во која одговараше на прашања на граѓани на Русија но и од целиот свет за актуелни теми од земјата и светот.
Сигналот на емисијата неколку пати беше прекинуван поради кибер напади.