Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница на денешата пленарна седница го обвини претседателот Илир Мета за неговите постапки, велејќи дека „додава бензин на огнот”.
Тој порача дека и покрај се изборите на 30 јуни ќе се одржат.
– На 30 јуни ќе биде изборен ден, сакале или не оние кои додаваат бензин на огнот или оние кои го следат огнот. Како и да е, она што ни припаѓа нам на сите кои се на вистинскиот пат, е да бидеме решителни и воздржани. За жал, ова е, исто така, резултат на скандалозно вклучување на оној кој и денес е во канцеларијата на претседателот, но кој го изгуби правото да остане во таа канцеларија со додавање бензин на оганот, обвини Рама.
Тој посочи дека пред два дена добиле информации дека луѓе кои можат лесно да се идентфикуваат, а се поврзани со четворката (Мета, Баша, Круемади, Бериша) која силно се спротивстави на изборите и на Европа, комуницирале со некои луѓе во затворите, барајќи од нив „да преземат дел од нивната измислена револуција”.
Зачудувачки, додаде Рама, веднаш по оваа информација претседателот испрати писмо до Затворската управа со загриженост за ситуацијата во затворите и дали се преземени сите потребни мерки за безбедност во истите.
– Доколку претседателот навистина беше заинтересиран за ситуацијата во затворите, најмалку што требаше да направи е писмото да не го објавува и да не го испраќа на погрешна адреса. Ако се чувствува како врховен командант, тогаш за информации за сотојбата во затворите требаше да се обрати до ресорните министри. Директорите не се номенклатура на претседателот, рече Рама.
Мета упати писмо до затворската управа со барање да биде информиран за состојбата во албанските затвори и дали се преземени потребните мерки кои гарантираат безбедост во истите. На тоа од управата доби одговор дека во затворите состојба е нормална и оти сите стандардни мерки редовно се спроведуваат.