Ирански проектил соборил воено беспилотно летало на САД во меѓународнен воздушен простор над Ормутскиот теснец, соопшти денеска американски претставник кој побарал да остане анонимен.
Тој појаснил дека станува збор за дрон на американската морнарица од типот MQ-4C Triton. Други детали не се познати, како ни времето кога било урнато беспилотното летало.
Претходно, капетанот на морнарицата и портпарол на Централната команда на Армијата на САД, Бил Урбан, рече дека американската војска не лета над ирански воздушен простор.
„Ниту едно летало не навлегло во иранскиот воздушен простор“, посочи Урбан.
Елитната Револуционерна гарда на Иран во четвртокот предупреди дека нема да дозволи агресија против Техеран.
Иран утрово соопшти дека неговата војска урнала американски дрон, истакнувајќи дека леталото навлегло во воздушниот простор на земјата.