Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски деновиве е во официјална посета на Мостар, Босна и Херцеговина, каде што утрово оствари работна средба со градоначалникот на Град Мостар, Љубо Бешлиќ, како и градоначалникот на Град Зрењанин, Чедомир Јањиќ.
На средбата градоначалниците дискутираа за можните области во кои би ја развиле идната заедничка соработка,како и желба истата во иднина да се продлабочи.Посебен акцент беше ставен на размената на идејни решенија и позитивни искуства од работењето на локалните самоуправи во областа на урбанистичкото уредување, заштита на животната средина, култура,како и развој на локалниот туризам како еден од алките за промоција на посебните природни обележја кои ги поседува секоја општина.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2019/06/2-8-300x231.jpg)
Инаку, во рамки на посетата на Меѓународниот саем за земјоделство, економија, храна и туризам Денови на црешата 2019, кој се одржа вчера во Мостар, беше потпишан Меморандум за соработка и пријателство меѓу општина Бутел и Градот Мостар ,со кој се официјализира понатамошната заедничка соработка.