Сириски бегалец осомничен дека планирал да бомбардира црква во Питсбург, Пенсилванија, е уапсен и обвинет за обид да обезбеди материјална поддршка на терористичката Исламска држава и ширење прирачници за експлозиви,пренесува РТ.
Осомничениот 21-годишен Мустафа Мусаб Алоумер, пристигнал во САД во август 2016 година. Не е јасно дали тој бил радикализиран додека бил во САД или пристигнал под маската на бегалец, но три години по стапнувањето на американска почва, тој скроил прецизен план за напад на црква на северната страна од Питсбург со импровизирана експлозивна направа, вели американското Министерство за правда.
Алоумер им кажал на еден симпатизер на ИД, кој всушност бил агент на ФБИ, дека сака да се одмазди за убиството на “браќата од ИД во Нигерија”, и да ги инспирира другите поддржувачи на ИД да спроведат слични напади во САД.
Тој му дал на тајниот агент брошура под наслов „Почетен курс за млади муџахедини” и прирачник за правење бомба што требало да се користи во нападот планиран за јули. Брошурата содржи детални упатства за правење молотови коктели, нагазни мини, натриумски бомби и други потенцијално смртоносни експлозиви.
Алоумер, исто така, му обезбедил на агентот сателитски слики од црквата и рачно напишани белешки со детали за бегството и пристигнувањето. Сириецот, наводно, планирал да ја однесе бомбата со тајмер на местото во ранец, а потоа неговите соучесници го одведат во џамија за да го видат таму по експлозијата.
На Алоумер му требале најмалку три месеци за да ги прецизира деталите за својот мрачен план, при што се состанал со агентот на ФБИ четири пати. Кон крајот на мај или почетокот на јуни, тој купил суштински делови за идната бомба, вклучувајќи клинци, батериите, пакетчиња за мраз и ацетон. Неговиот последен состанок со агентотбил закажан за 19 јуни, денот кога бил уапсен.
Целта на неговиот непријателски напад бил мала христијанска црква што осомничениот ја опишал како нигериска во неговите снимени разговори со тајниот агент.
Иако пристигнал како бегалец, неуспешниот бомбаш немал статус на постојан престој ниту добил пасош на САД. Алоумер се нашол на радарот на полицијата откако на интернет оставил порака за поддршка на терористичката кауза, а подоцна се сретнал со друг симпатизер на ИД кој веќе им бил познат на властите.
Властите инсистираат дека Алоумер никогаш не претставувал ризик за јавната безбедност. ТОј ќе биде изведен пред суд во петок за да се утврдат условите за неговиот притвор.