Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по повод Светскиот ден на бегалците, изјави дека Косово најдобро го познава тоа чувство на напуштање на татковината, „посебно во ’99-та година, кога беше во потрага по надеж и во бегство од српскиот геноцид”, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај преку објава на Фејсбук им се заблагодари на сите кои во последната војна згрижија албански семејства.
– Сочувствуваме со сите тие луѓе кои ги напуштија нивните земји и домови поради воени конфликти и насилство или разни злоставувања. Косово најдобро го познава тоа чувство на напуштање на татковината, посебно во ’99-та година, кога беше во потрага по надеж и во бегство од српскиот геноцид. Денеска им одавам највисоки почести на сите пријатели насекаде во светот кои ги засолнија албанските семејства, напиша Харадинај.