Хрватскиот ракометар Лука Циндриќ од денеска е нов член на „Барселона“, која плати над еден милион евра за да го доведе Хрватот од Кјелце.европскиот ракомет.
Циндриќ не ја крие гордоста што ќе го облече дресот на Барселона и на тој начин ќе си го исполни сонот од детството, макар што тогаш негова желба било да игра фудбал на „Камп ноу“.
-Како дете тренирав и знам дека мој сон во тоа време беше еден ден да заиграм за Барселона. Тоа беше мојот омилен клуб, мојот сон беше да играм на „Камп Ноу“. Сега доаѓам во Барса, секако дека сум горд. Ако има можност би било супер да одржам еден тренинг со фудбалерите предводени од Меси. Мислам дека нема да изгледам лошо крај нив,изјави поранешниот ас на Вардар.